четврток, ноември 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Комуналец – Прилеп и еко активистите од „Мој Прилеп“ го исчистија дворот на Ученичкиот дом „Орде Чопела“

by Redakcija
22.06.2026
in Република

Прилеп денес доби уште една почиста јавна површина, откако комуналните работници од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, заедно со еко активистите од здружението „Мој Прилеп“, реализираа акција за финално чистење на дворот на Ученичкиот дом „Орде Чопела“.

Во рамки на акцијата беа отстранети трње, шипки, искосена трева и поголеми количини отпад што подолг период биле наталожени и исфрлани од несовесни граѓани. Собраниот отпад со механизација и човечки ресурси беше транспортиран до депонијата во Алинци.

Од ЈКП „Комуналец“ информираат дека соработката со еко активистите ќе продолжи и во наредниот период преку заеднички акции за чистење на површини кои не се во директна надлежност на претпријатието, но се од значење за граѓаните и за подобрување на изгледот на градот.

Еко активистите изразија подготвеност да помогнат и во уредувањето на јавни површини во текот на летниот период, кога јавното претпријатие се соочува со недостиг на работна сила поради користење боледувања и заминување на вработени на поатрактивни работни места.

По завршувањето на акцијата, дворот на Ученичкиот дом е целосно исчистен, а организаторите упатија порака до граѓаните за заедничка грижа за животната средина и одржување на чистотата.

„Чисто е убаво“, порачуваат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Мицкоски за врсничкото насилство во Тетово: Одговорност треба да има и за напаѓачите и за родителите

05.11.2026

Меџити: Подобра инфраструктура и поедноставни процедури за раст на компаниите во Боговиње

05.11.2026

„Алта банка“ ќе работи и во сабота: Во Битола веќе се исплатени 556 пензионери

05.11.2026

Тоневски: Пробиштип ја гради иднината со младите, усвоен Акциски план за 2027/2028 година

05.11.2026

Утре без струја делови од Тетово: Прекини до пет часа

05.11.2026

Проданоски: Прилеп е домаќин на меѓународна конференција за здравствени и социјални услуги

05.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Победник на BIZBendovi 2026 е бендот The Cards на CaSys

1 недела ago

Законот за заштита од пушење во вторник на владина седница

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Телефоните поскапеа за околу 20 отсто, а продажбата падна за една петтина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за врсничкото насилство во Тетово: Одговорност треба да има и за напаѓачите и за родителите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Подобра инфраструктура и поедноставни процедури за раст на компаниите во Боговиње

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Израелски и македонски хирурзи извршија 16 операции за повредените во трагедијата во Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Алта банка“ ќе работи и во сабота: Во Битола веќе се исплатени 556 пензионери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.