вторник, ноември 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Македонскиот рубин и природното богатство на Македонија добиваат нова поддршка – потпишан Меморандум за промоција на геонаследството

by Redakcija
25.07.2026
in Економија

По значајниот исчекор што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го направи со воспоставувањето институционална заштита на македонскиот рубин како автентично минерално богатство на Македонија, започнува нова фаза – негова промоција, заедно со целокупното геолошко наследство на државата.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претседателот на Здружението за промоција на природните науки „Откритие“, Илија Петковски, денес потпишаа Меморандум за соработка со кој ги здружуваат институционалните, научните и стручните капацитети за промоција, заштита и валоризација на геонаследството, минералното богатство и палеонтолошкото наследство.

Меморандумот претставува продолжение на заложбите на Министерството за афирмација заштита, валоризација и промоција на македонското минерално богатство.. По воспоставувањето на правната заштита на македонскиот рубин, следниот чекор е негова поширока презентација пред домашната и меѓународната јавност, како еден од најпрепознатливите симболи на македонското геолошко наследство.

„Македонија поседува исклучително богато геолошко наследство кое со децении било недоволно промовирано.Богатство кое заслужува многу поголема видливост Нашата цел е да стане достапно за јавноста, да ја развиваме научната свест, да ја доближиме геологијата до граѓаните, да го поттикнеме интересот кај младите за природните науки, да го развиваме геотуризмот и да покажеме дека природните богатства се дел од нашиот национален идентитет и развоен потенцијал. Македонскиот рубин е еден од тие највредни симболи и заслужува да биде достојно претставен пред светот“, истакна министерката Божиновска.

Со Меморандумот се воспоставува долгорочна соработка која предвидува организирање изложби, научно-популарни настани, јавни предавања, работилници, едукативни програми и тематски поставки, како и воспоставување партнерства и соработка со домашни и странски музеи, универзитети и научни институции за промоција на македонското геонаследство.

На потпишувањето присуствуваше и Деан Шкартов, еден од најголемите промотори и познавачи на македонскиот рубин, долгогодишен член и соработник на Здружението „Откритие“, чија богата минералошка колекција претставува значаен придонес во афирмацијата на македонското геолошко наследство во земјата и во странство.

Како резултат на ова партнерство, во просториите на Министерството ќе биде формиран Центар за промоција на геонаследството, кој ќе прерасне во постојан изложбен и едукативен простор за презентација на минерали, кристали, фосили и други геолошки експонати. Центарот ќе биде место каде институциите, науката и стручната фела ќе работат заедно на заштита, валоризација и меѓународна промоција на македонското геолошко наследство, развој на геотуризмот и поголема свест за природните богатства што ги поседува Македонија.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со оваа иницијатива уште еднаш потврдува дека природните ресурси не се само економски потенцијал, туку и национално богатство што треба да се заштити, научно да се вреднува и достојно да се претстави пред идните генерации и пред светот.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Поскапуваат бензините – Нови цени од полноќ

02.11.2026

Од 9 ноември се менува начинот на плаќање: Што треба да знаат граѓаните и фирмите?

02.11.2026

Земјиштето под зградите ќе може полесно да се приватизира: Законските измени пред собраниска комисија

02.11.2026

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

02.11.2026

Гувернерот Славески со појаснување за привремените мерки во Алта банка

02.11.2026

Затворени експозитури, незадоволни клиенти: Редици пред Алта банка во Битола

02.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Крај на евтините летувања: ЕУ предупредува на хаос со авио-билетите и откажани летови

Крај на евтините летувања: ЕУ предупредува на хаос со авио-билетите и откажани летови

6 месеци ago

Рекордна излезност од 78% и драматичен финиш на изборите во Унгарија: Опозицијата во водство по првичните информации

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Проданоски: 82 години слободен Прилеп – да градиме град во кој младите ќе гледаат иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Следува заладување: За викендот температурите ќе паднат под нулата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЖРСМ Транспорт: Препораките на ДЗР ги претвораме во конкретни мерки за финансиска и оперативна стабилизација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повисоки плати во Армијата: Што сè ќе опфати најавеното покачување?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Туркије ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД, бронзените ремек-дела од Бубон повторно обединети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.