понеделник, јуни 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Iute Group влегува во украинскиот банкарски сектор: доби државен тендер за основање дигитална банка

by Уредник
06.01.2026
in Економија, Свет

Естонската Iute Group, која е сопственик на Иуте Македонија, ја доби државно организираната тендерска постапка во Украина за преземање на дел од средствата и депозитните обврски на банката RWS Bank Украина, со што се отвора патот за основање на нова целосно дигитална банка на украинскиот пазар.


Според договорот, Iute ќе ја формира банката под работниот назив IuteBank, која ќе биде изградена од темел како лиценцирана дигитална финансиска институција под супервизија на Народната банка на Украина. Финалното пренесување на околу 13.000 сметки и клиенти ќе се реализира по официјалното одобрување на регулаторот, што се очекува до крајот на месецов.


Вкупната инвестиција на групацијата во Украина се проценува на 15 милиони евра, а увлезот на Iute во украинскиот банкарски сектор претставува значаен чекор во географската експанзија на групацијата, како дел од стратегијата за развој на дигитално банкарство во источна Европа.


Новата банка ќе нуди широк спектар услуги, вклучувајќи отварање на сметки, плаќања, депозити, кредити и други основни банкарски производи за физички и правни лица, со силен фокус на дигитално искуство и модерни технологии.

Иуте нагласува дека овој потег не само што го отвора украинскиот пазар за нови финансиски решенија, туку и ја зацврстува позицијата на групацијата како иновативен играч во финтек секторот во Европа.

Related Posts

Полскиот екс-премиер: Украина да ги врати тенковите што ги доби од Полска

21.06.2026

ВИДЕО: Пожар во луксузен ресорт остави само пепел

21.06.2026
cigari

Кутија цигари би можела да порасне на повеќе од 11 евра – Дали треба и во Македонија?

21.06.2026
Мелони реагираше на виралните лажни фотографии од неа генерирани со ВИ

Мелони му возврати на Трамп: Италија е суверена држава, гледај ја својата популарност

21.06.2026

Работа до 70 години и укинување на предвременото пензионирање – Германија подготвува пензиска реформа

21.06.2026

Последен лет на „Ер Форс Уан“: По повеќе од 35 години заминува во пензија

21.06.2026

Препорачани Вести

Истекува рокот за легализација на бесправно изградени објекти во Тетово

5 месеци ago
Силни снежни врнежи го блокираа патот кон Галичник: Надлежните апелираат за внимателност

Силни снежни врнежи го блокираа патот кон Галичник: Надлежните апелираат за внимателност

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Делови од Тетово и Брвеница утре ќе останат без електрична енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полскиот екс-премиер: Украина да ги врати тенковите што ги доби од Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Дебар започна теренскиот караван на ВЛЕН – во фокус инфраструктурни проекти и локален развој

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Пожар во луксузен ресорт остави само пепел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кутија цигари би можела да порасне на повеќе од 11 евра – Дали треба и во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.