среда, јуни 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Со 4.672.878 евра ќе се реконструира прилепскиот студентски дом „Орде Чопела“

by Redakcija
31.01.2026
in Република

Ќе се реконструира Училишниот дом „Орде Чопела“ – Прилеп, како дел од владиниот проект за реконструкција на училишни домови во државата. За таа намена се обезбедени 4.672.878 евра, со кои е предвидена комплетна реконструкција на објектот.
Во рамки на реконструкцијата е предвидена целосна замена на водоводната, електричната и топлотната мрежа, поставување на фотоволтаична централа заедно со енергетски ефикасно греење, замена на старите котли на нафта (како резервна варијанта за греење на објектот), новопроектиран систем за санитарна топла вода, термичка изолација на целиот објект, нова изолација на кровната конструкција, како и целосно внатрешно уредување. Реконструкцијата опфаќа и поставување на нови санитарни јазли, нов мебел и нови содржини во просториите за забава, одмор и рекреација, сè со цел постигнување на енергетска ефикасност според европските стандарди.
Реализацијата на проектот е предвидена да започне во средината на јули, а реконструктивните активности ќе се одвиваат етапно.
Инаку, Училишниот дом „Орде Чопела“ – Прилеп има капацитет за сместување на 333 ученици и студенти. Моментално во домот се сместени 166 ученици кои посетуваат настава во петте средни училишта во Прилеп, како и 20 студенти кои студираат на Економскиот факултет во Прилеп. Со реконструкцијата ќе се обезбеди енергетски поефикасно и поквалитетно сместување за учениците и студентите кои своето образование го продолжиле во Прилеп.
Ова е уште еден показател дека Општина Прилеп се грижи и инвестира во иднината на младите, со цел подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард, како и создавање подобри услови за учење и студирање.
Со проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови се опфатени вкупно девет студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид.
Проектот се реализира со финансиска поддршка од 20 милиони евра од Германската развојна банка и грант од 4,8 милиони евра од Европската Унија, преку Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан.

Related Posts

Општина Битола: Нови пешачки семафори кај плоштадот „Гоце Делчев“ и Камен мост за поголема безбедност

03.06.2026

Пет тетовски села утре ќе бидат без струја

02.06.2026

Тоневски: Пробиштип е горд на Јована Јаневска, државен првак по географија

02.06.2026

Комуналец Прилеп: Во тек е комплетно реновирање на амфитеатарот во Варош

02.06.2026

Прилеп домаќин на зонските натпревари од „Спортски игри за млади – Плазма“

02.06.2026

Проданоски: Прилеп добива ново модерно детско игралиште

02.06.2026

Препорачани Вести

Сали: Иновациите и човечкиот капитал се клуч за економски напредок на државата

Сали: Иновациите и човечкиот капитал се клуч за економски напредок на државата

4 недели ago

Две одделни заплени на марихуана во Скопје во рок од неколку часа

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Поднесена кривична пријава против жена за напад врз 10-годишно дете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тоневски од Злетово: Нека е за многу години празникот Свети Константин и Елена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава против поранешен градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Општините се клучен двигател на европската интеграција на Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претставата „12“ на МНТ гостува во Дубровник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.