недела, април 12, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Македонски адвокат открива голема неправда во правниот систем: „Системот се плаши да ослободи“

by Уредник
01.02.2026
in Македонија

Адвокатот Тони Менкиноски, експерт за човекови права познат по својата долгогодишна работа, вклучително и во одбрана на Македонци пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, во своја колумна ја истакна една од најдлабоките неправди во македонскиот правосуден систем – третманот на ослободителните пресуди и презумцијата на невиност во кривичните постапки.


Менкиноски во својот текст тврди дека системот што „се плаши да ослободи“ не е правна држава, туку „машина за казнување“, каде што презумцијата на невиност често се губи на штета на бројките и статистиката на осудени случаи“. Според него, ослободителната пресуда не е слабост на правосудството, туку показател за институционална зрелост – знак дека државата ја почитува љубовта на поединецот кон слободата, а не само статистичките резултати.


Во колумната се наведува дека во демократските правни системи ширум Европа, ослободителните пресуди или отфрлените обвиненија се третираат како дел од нормалниот правен процес, а не како слабост на судството. Така, на пример, во Словенија над 70% од кривичните случаи не завршуваат со осуда, што се должи на премногу отфрлени, запиррани или ослободени предмети. Во Чешка, Англија и Германија голем дел од предметите исто така завршуваат без осуда поради недоволни докази или процени на обвинителството.


Менкиноски ја спореди оваа пракса со Македонија, каде според официјалните податоци за 2023 година од околу 7.200 обвинети, повеќе од 6.500 биле осудени, што значи дека околу 9,3% од случаите не завршиле со осуда. Тој потенцира дека ова не е само бројка, туку показател за систем каде обвинението често се третира како пресуда уште пред судењето, а претпоставката на виновност добива поголемо значење од правото на фер судење.


Менкиноски наведе и податоци од Европскиот суд за човекови права, кои укажуваат на структурни проблеми во домашните правни постапки – особено во делот на правото на правично судење и почитувањето на презумцијата на невиност, што често доведува до пресуди против Македонија.


Во колумната се потенцира дека право на ослободителна пресуда не само што е легитимно, туку и пресудно за довербата во правосудството, и дека правната држава треба да се мери според способноста да ги почитува правата на обвинетите, а не само според бројот на осудени лица.


Менкиноски заклучува дека судството мора да биде независно, храбро и способно да ослободува кога доказите не ги потврдуваат обвиненијата, бидејќи без почитување на презумцијата на невиност и правото на фер судење, правната држава останува само декларација, а не реалност.

Related Posts

Скандал со предудите за човекови права на Стразбур: Бугарија со години не ги спроведува пресудите за Македонците

12.04.2026

Архиепископот Стефан со велигденска порака: „Да го озариме светот со велигденска радост“ –  светлината на Христос нека нè води

12.04.2026

Митрополит Георги: Плаошник да стане повторно духовно срце на Македонија

12.04.2026

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА: Велигден ја носи пораката за победата на животот и новиот почеток

12.04.2026

Денес не очекува вистинска пролет: Сонце и топло време до 20°C низ Македонија

12.04.2026

Зошто осум министри за правда Албанци не го отворија прашањето за испит на албански

11.04.2026

Препорачани Вести

javno obvinitelstvo

Советот на јавни обвинители утре ќе одлучува за нов државен јавен обвинител

2 месеци ago
stefan andonovski

Македонија на чекор до „роаминг како дома“ во ЕУ: Андоновски најавува завршување на домашните задачи до февруари

3 месеци ago

Популарни Вести

  • ММФ и Светска банка предупредуваат: светот е пред нов економски шок и раст на инфлацијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Трамп најави блокада на Ормутскиот теснец: Американската морнарица ќе контролира танкери, расте ризикот од конфликт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Велигденски хорор во Скопје: Малолетник избодел врсник, па сам се пријавил во полиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Историски избори во Унгарија: рекордна излезност, долги редици и жестоки обвинувања меѓу Орбан и Маѓар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разоткриен случај во Тетовско: приведени лица за борби со кучиња, едно лице во притвор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.