вторник, август 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Запленети 40 тони марихуана – Акцијата на полицијата продолжува

by Redakcija
06.02.2026
in Црна Хроника

Околу 40 тони марихуана, наводно одгледувана за медицински цели, се запленети во рамки на полициските претреси спроведени во Скопје и во струмичкиот регион, дознава Телма од извори во истрагата. Според информациите, приближно десет тони се пронајдени во Скопско, додека околу триесет тони се запленети во Струмица и околината.

Првичните информации за 27 тони марихуана, за кои вчера брифираа истражните органи, во меѓувреме се надополнети со новооткриени количини кои, според истражните извори, биле подготвени за понатамошен транспорт и шверц. Истите извори наведуваат дека начинот на производство, складирање и чување на дрогата не укажувал дека станува збор за канабис наменет за медицински цели, туку за нелегална продажба и дистрибуција на црниот пазар.

Акцијата е поврзана со претходната заплена на пет тони марихуана во Србија, за која тамошните власти соопштија дека потекнува од Македонија. Во центарот на истрагата се наоѓа компанијата „Алфафарм“ ДОО Скопје, чиј ко-сопственик Иван Драгниќ, државјанин на Србија, е уапсен.

Од објект во кругот на поранешната фабрика ОХИС во Скопје, каде што се наоѓа компанијата, со комбиња и камиони била изнесувана марихуана во количина од околу десет тони, додека останатите количини се запленети во фирми во струмичкиот регион поврзани со истата компанија.

Според досегашните информации, станува збор за најголема заплена на марихуана од осамостојувањето на државата до денес. Истрагата ја води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кое треба да утврди кои лица и структури биле вклучени во случајот, како и што било планирано со запленетите количини.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно изјави дека медицинската марихуана незаконски била пуштана во промет и складирана спротивно на законските прописи.

Компанијата „Алфафарм“ е основана во 2023 година, а лиценца за одгледување медицински канабис добила во 2024 година. Министерството за здравство, во координација со Министерството за внатрешни работи, претходно извршило вонредна контрола во компанијата. Од Министерството посочуваат дека лиценцираните компании имаат обврска редовно да доставуваат извештаи, додека за евентуални незаконски активности надвор од пропишаните процедури надлежно е МВР.

Петте тони марихуана во Србија беа откриени на 29 јануари во објект во селото Коњух кај Крушевац, а според истрагата, дрогата ја транспортирал ко-сопственикот на „Алфафарм“. Од Министерството за внатрешни работи и Обвинителството се очекуваат дополнителни информации по завршување на истражните активности.

Related Posts

Петмина приведени во Скопје, полицијата расчисти две разбојништва

11.08.2026

Возач удрил 16-годишник кој туркал електричен тротинет и избегал од местото на несреќата

11.08.2026

22-годишник тешко повреден во сообраќајка – возилото излетало од патот

11.08.2026

Тетовец пријавил дека баба му и дедо му му украле 3,5 милиони денари, полицијата открила дека измислил

11.08.2026

Апсење на различни локации во Скопје – Паднаа лица барани со потерница

11.08.2026

Разбојништво во обид во центарот на Скопје – Приведени малолетници

11.08.2026

Препорачани Вести

Девет парцели во шумски пожар во делчевско: Пријавен 60-годишник

3 месеци ago
Во Велес одбележани споменот на Мирка Гинова,  Невена Георгиева-Дуња и на Македонците борци во Граѓанската војна во Грција

Во Велес одбележани споменот на Мирка Гинова,  Невена Георгиева-Дуња и на Македонците борци во Граѓанската војна во Грција

2 недели ago

Популарни Вести

  • Македонија утре под портокалов аларм: температурите ќе достигнат до 40 степени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петмина приведени во Скопје, полицијата расчисти две разбојништва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повеќе скопски населби утре ќе бидат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Тетово и Боговиње утре ќе бидат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 15 пожари избувнаа низ Македонија, два сè уште се активни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.