среда, јули 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Дојранското Езеро со повисок водостој за 50 см

by Redakcija
09.02.2026
in Македонија
Дојранското Езеро со повисок водостој за 50 см

Дојранското Езеро бележи бавно, но сигурно зголемување на водостојот, благодарение на есенските и зимските врнежи, покажуваат најновите податоци на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, водата сè уште не го достигнала договореното минимално ниво со Грција – 146,13 метри надморска височина.

Според УХМР, од крајот на октомври до средината на февруари, езерото се зголемило за околу 50 сантиметри. Последното мерење покажало дека водостојот е на 145,42 метри, што значи дека недостасуваат уште околу 71 сантиметар за да се достигне минималната кота.

„Полнењето на Дојранското Езеро е најинтензивно со водите од топењето на снегот на Беласица, но засега снежна покривка нема. И покрај последните врнежи, природниот процес на стареење на езерото го намалува неговиот волуменски капацитет,“ објаснува Васко Стојов, раководител на Секторот за хидрологија во УХМР.

Прогнозите се умерено оптимистички – се очекува водата да продолжи да расте во наредните месеци. Меѓутоа, со покачувањето на температурите и влијанието на ветерот, дел од водата неизбежно ќе испари.

„Можно е до почетокот на летото да се надоместат овие 70 сантиметри, но истовремено ќе имаме затоплување и зголемено испарување. Дури и со дождливиот период, долгите сушни години го чувствуваме во нивото на езерото,“ додава Стојов.

Споредувајќи со февруари 2017 година, водостојот бил 147,10 метри, односно речиси еден и половина метар повисок од сегашниот. Оваа разлика јасно покажува колку влијаат сушата и климатските услови на природната состојба на Дојранското Езеро.

Related Posts

Мицкоски: Очекувам намалување на цената на горивата и стабилизирање на инфлацијата

29.07.2026

Полициска акција на Охридското Езеро – Спасени две девојки

29.07.2026

Пациент со западнонилска треска во критична состојба, приклучен на респиратор на Инфективна

29.07.2026

МВР санкционираше 178 возачи на мотоцикли и тротинети

29.07.2026

Земјотрес почувствуван во делови од Македонија

29.07.2026

Нова измама во Македонија: Лажни СМС пораки за сообраќајни казни

28.07.2026

Препорачани Вести

Ноќна акција во Скопје: приведени шест лица, меѓу нив и малолетници

3 месеци ago

Проданоски: Згрижувачките семејства се вистински херои кои им даваат љубов и надеж на децата

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Мртвото Море повторно има живот: Се исполнува ли древното библиско пророштво?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што се случува со вашето тело ако секој ден јадете грчки јогурт?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре без струја делови од Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огрбени македонски туристи во Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бура во светскиот фудбал: ФИФА разгледува продажба на дел од Мундијалот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.