сабота, јуни 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Градоначалникот Проданоски најави решенија за автобускиот превоз во Прилеп

by Redakcija
11.02.2026
in Македонија, Топ Вести

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, беше гостин во утринската емисија „Добро утро Македонијо“, каде одговараше на прашања од гледачите. Едно од нив беше автобускиот превоз во општината и поставување на нови линии кон руралните средини.

Одговарајќи на прашањето дали Прилеп ќе добие модерен автобуски превоз и нови автобуски линии, градоначалникот Проданоски посочи дека во моментов најголемиот дел од финансиските средства се насочени кон превозот на средношколците, што, како што нагласи, е загарантирано право за средношколците во општината.

“Работиме на консолидација на Јавното Претпријатие кое го организира превозот во Прилеп. Сметам дека во еден дел од пакетот на Владата кој го прави за набавка на автобуски возила во Скопје, ќе се набават возила и за останатите градови во Македонија а дел од нив и во Прилеп. Секако разгледуваме и можности да се обезбедат финансиски средства да се набават возила и од самата општина.”

Проданоски потсети дека Советот на Општина Прилеп донел одлука поврзана со организиран јавен автобуски превоз кон руралните средини, која, како што рече, ќе биде целосно испочитувана и реализирана согласно планот и програмата на актуелното раководство.

Градоначалникот најави и дека општината веќе работи на планирање на нови автобуски линии, како и на можноста за набавка на автобуси во сопственост на општината, со што би се обезбедил поодржлив и поквалитетен јавен превоз за граѓаните.

Со овие активности, локалната самоуправа најавува системско решавање на долгогодишниот проблем со јавниот превоз, со јасен фокус на потребите на граѓаните.

…

Related Posts

Проданоски: Стартува проектот за поголема безбедност во сообраќајот во Прилеп

13.06.2026

Фестивали.мк: Од 25 до 27 јуни бидете во Охрид на вино и музика

13.06.2026

Рекордни 40 милиони евра за вработување најаво Владата: Над 10.000 млади ќе добијат шанса за работа во 2026 година.

13.06.2026

Викендот почнува со сонце: Еве какво време нè очекува денес

13.06.2026

Министерот за здравство: Коцкањето претставува зависност, превенцијата е најдобра заштита

12.06.2026

Мицкоски од Истанбул: Македонија нуди стабилна и конкурентна средина за нови турски инвестиции

12.06.2026

Препорачани Вести

Напад со дронови врз американската амбасада во Ријад

Напад со дронови врз американската амбасада во Ријад

3 месеци ago
cigari

300.000 граѓани во Саудиска Арабија се ослободија од цигарите во 2025

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Коњановски: Наскоро електрични велосипеди за изнајмување на повеќе локации во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тодор Анѓушев на трибината на МАКО СИГРЕ: Батериските системи се следниот голем чекор во енергетиката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Стартува проектот за поголема безбедност во сообраќајот во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фестивали.мк: Од 25 до 27 јуни бидете во Охрид на вино и музика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза со неделен промет од над 1,17 милијарди денари: најтргувани акциите на Македонијатурист

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.