петок, септември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Следната генерација на „Орешник“: Русија најавува посилен и попрецизен проектил

by Redakcija
26.02.2026
in Свет
Следната генерација на „Орешник“: Русија најавува посилен и попрецизен проектил

Русија наводно стои зад развојот на нова генерација хиперсонични балистички ракети кои наводно ги надминуваат перформансите на веќе добро познатиот систем „Орешник“. Според извори блиски до рускиот воено‑индустриски комплекс, проектот работно се нарекува „Син на Орешник“ и се претставува како технолошки поамбициозно оружје, способно да носи нуклеарни боеви глави и да демонстрира зголемена разорна моќ.

Кремљ и лично претседателот Владимир Путин се тесно поврзани со овој развој, особено во контекст на тековната воена операција во Украина. Досега, во конфликтот, Русија двапати употребила конвенционални верзии на „Орешник“, а сега, според оценките на воени експерти, фокусот е на развој на радикално подобрена варијанта.

Виктор Баранец, воен аналитичар и поранешен полковник, истакнува дека руските инженери работат на проектил со значително подобрени карактеристики – поголем корисен товар, усовршено гориво и нов систем за навигација. Тој вели дека целта е да се добие оружје со зголемена прецизност и поголем разурнувачки потенцијал отколку што нуди актуелниот модел „Орешник“.

„Развојот е во тек и се тестира нов проектил кој треба да биде поквалитетен од сегашниот систем. Очекувањата се за значително зголемување на приносот на боевите глави“, изјави Баранец. Тој додава дека новиот проект би можел да носи до осум кинетички боеви глави, за разлика од шестте што ги има сегашниот модел, како и дека би можел да продира низ масивни утврдени конструкции до околу 30 метри длабочина.

Баранец нагласува дека, иако „Орешник“ веќе покажал значителна ефективност, целта сега е да се стори скок во прецизноста, со минимално отстапување од целта.

Првиот јавен настап на „Орешник“ се случи крајот на 2024 година, кога беше искористен во нападите врз Дњепар. Русија го претстави како мобилен балистички систем со среден дострел, способен да испорача повеќекратни независно наведувани боеви глави, тврдејќи дека е речиси неуништив за современите одбранбени системи. Западните експерти, сепак, ја следеа оваа изјава со внимателен скептицизам.

На почетокот на оваа година, руски извори објавија дека „Орешник“ бил дислоциран во западниот дел на Украина, во региони кои се близу до границата со НАТО. Според нивните тврдења, ракетата постигнала хиперсонични брзини и се способна за брзи, стратешки удари, што ја нагласува геополитичката напнатост во регионот и потенцијалната закана за соседните земји.

Рускиот ретседател нагласи дека конвенционалните верзии на ракетата создаваат екстремни температури од 4000 степени Целзиусови при удар – според него, приближно колку на површината на Сонцето. Официјални лица од Москва и Минск исто така посочија дека системот е распоредена и во Белорусија, со потенцијална способност да стигне до цели како Лондон за само осум минути.

Сепак, и покрај широкиот интерес и бројните тврдења, руското министерство за одбрана официјално не потврди дека развојот на овој нов систем е започнат.

Извор: Дневник.хр

Related Posts

Кремљ удри по два европски гиганти: Русија ги презема нивните средства

18.09.2026

Американската војска се повлекува од Европа? Пентагон разгледува голем план

18.09.2026

Цените на бензинот во Германија уриваат рекорди: Литарот стигна над 3 евра

17.09.2026

Светот стравува од недостиг на гориво – Нови закани за глобалниот пазар на нафта

17.09.2026

Пензијата станува недостижна: Германија сака граѓаните да работат уште подолго

17.09.2026

Дизелот во САД со рекордни цени: Трамп бара Зеленски да ги запре нападите врз руската енергетика

16.09.2026

Препорачани Вести

Шпионирала од срцето на Алијансата – уапсена стажантка во воената команда на НАТО

2 месеци ago

Почина маж кој пред неколку дена паднал од тераса во Миладиновци

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Кремљ удри по два европски гиганти: Русија ги презема нивните средства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патник приведен пред лет од Скопје – во рачниот багаж имал куршуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разбојништво во спортска обложувалница во Тетово – маж со нож одзел пари и побегнал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Знаењето мора да најде примена во локалната економија и јавниот сектор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во училиштата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.