Американски воени објекти во Кувајт и Бахреин биле цел на напад, при што според првичните информации се слушнале експлозии во близина на поморските капацитети каде е стационирана Петтата флота на САД.
Нападот претставува одговор на утринските напади од страна на САД и Израел врз воени цели на Иран. Ова претставува директен удар врз американско воено присуство во регионот. Бахреин е клучна база за операциите на американската морнарица во Персискиот Залив, од каде се координираат голем број поморски мисии.
Кувајт е клучна точка за военото присуство на САД во Персискиот Залив и служи како логистичка база за операции во регионот, па секој инцидент во тој дел се смета за сериозна безбедносна закана.
Засега нема официјални податоци за евентуални жртви или за обемот на штетата, додека безбедносните служби го блокираат поширокиот реон околу базата.














