четврток, јуни 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Загрижувачки податоци: Поднесени 21 пријава за семејно насилство за две недели

by Уредник
08.03.2026
in Црна Хроника

Во текот на последните две недели во земјава се поднесени 21 кривична пријава за семејно насилство, кои опфаќаат вкупно 25 кривични дела, информира Министерството за внатрешни работи. Од нив, шест пријави се поднесени по брза постапка.


Покрај овие случаи, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се поднесени и пет кривични пријави за родово базирано насилство, од кои три се за кривично дело „загрозување на сигурноста“, а две за „демнење“. Во рамки на постапките се изречени пет мерки притвор и една мерка на претпазливост.


Најголем дел од кривичните дела поврзани со семејното насилство се однесуваат на „загрозување на сигурноста“ – 11 случаи и „телесна повреда“ – 10 случаи. Дополнително, евидентирани се и по еден случај за „тешка телесна повреда“, „неизвршување судска одлука“, „противправно лишување од слобода“, „обид за убиство“ и „полов напад и силување“.


Според податоците, најмногу кривични пријави се поднесени на подрачјето на СВР Скопје и СВР Струмица – по пет, потоа следуваат СВР Охрид со четири, СВР Штип со три, СВР Куманово со две, додека по една пријава се поднесени во СВР Тетово и СВР Велес.


Во истиот период на територијата на целата држава се пријавени 39 настани поврзани со семејно насилство, како и 63 поплаки од граѓани.


Надлежните институции посочуваат дека во последните години се забележува тренд на зголемување на бројот на мерки притвор изречени по брза постапка, тренд кој продолжува и во 2026 година по последните законски измени.

Related Posts

Бегство од полицијата заврши со удар во дрво – осомничениот побегнал

18.06.2026

Претреси и апсење во Охрид – Полицијата со детали

18.06.2026

Спор за стан прераснал во физички инцидент во скопски Карпош

17.06.2026

Во Скопје разбиена група поврзана со меѓународна терористичка мрежа

17.06.2026

Полицијата испикала предупредувачки истрели, но осомничениот успеал да избега

17.06.2026

Украдена каса со пари од црква во Брвеница

17.06.2026

Препорачани Вести

Возел 203 км/ч: Косовски државјанин лишен од слобода кај Гевгелија

1 месец ago

УЈП ќе ги прифаќа сите докази за платен данок во странство

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Меџити: Талентот на младите од Чаир е гаранција за спортската иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бегство од полицијата заврши со удар во дрво – осомничениот побегнал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • БОЖИНОВСКА: ДРЖАВАТА ГО ЗАШТИТИ МАКЕДОНСКИОТ РУБИН – СТАНА ОФИЦИЈАЛЕН НАЦИОНАЛЕН МИНЕРАЛЕН СИМБОЛ НА ЗЕМЈАТА

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Платежната недисциплина во Европа: Дигитализацијата клуч за подобрување, ЕОС Матрих Македонија како регионален фактор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зеленски со остра порака: „Ако Украина гори, ќе гори и Москва“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.