недела, септември 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Македонија бележи рекордно низок број новородени: Само 16.061 дете во 2024 година

by Redakcija
12.03.2026
in Uncategorized
Македонија бележи рекордно низок број новородени: Само 16.061 дете во 2024 година

Македонија се наоѓа пред сериозна демографска криза. Бројот на новородени деца и наталитетот продолжуваат да се намалуваат, а најновите податоци за 2024 година покажуваат загрижувачки тренд. Само 16.061 дете се родиле во земјата, што е најниското ниво забележано во историјата.

Падот не се ограничува само на апсолутниот број на новородени. Стапката на фертилитет се спушти на 1,44 деца по жена, во споредба со 1,49 во 2023 година. Овој пад е континуиран низ годините, од 1,52 во 2004 и 2014 година, до сегашниот алармантен минимум, далеку под потребниот праг од 2,1 дете за природна обнова на населението.

Демографските промени се одразуваат и во возраста на мајките. Просечната возраст при раѓање на првото дете постојано расте – од околу 25 години во 2004, преку 26,6 години во 2014, до 27,8 години во 2024 година. Јасно е дека жените во Македонија се одлучуваат за семејство подоцна во животот, што дополнително ја усложнува сликата на наталитетот.

Овие трендови не се изолирани за нашата земја. На ниво на Европската унија, роденоста исто така бележи пад, во 2024 година во ЕУ се родени 3,55 милиони бебиња, што претставува намалување од 3,3% во споредба со 2023. Стапката на фертилитет во Унијата изнесува 1,34 деца по жена, додека Бугарија предводи со 1,72, Франција следи со 1,61, а Словенија со 1,52. Најниски вредности се регистрирани во Малта (1,01), како и во Шпанија и Литванија.

Долгогодишниот пад на бројот на новородени е очигледен кога се погледне историски. Во Македонија, во 1960 година се родиле 44.095 деца, во 1970 – 37.862, во 1990 – 35.401, а потоа бројките непрекинато се намалуваат: 29.308 во 2000, 24.296 во 2010, 19.031 во 2020 и рекордно ниските 16.061 во 2024 година. Слична слика се гледа и во цела Европа, каде што бројот на новородени е речиси преполовен во споредба со пред шест децении.

Related Posts

Вечерва започнува четвртото издание на „Taste the South“ во Гевгелија

11.09.2026

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно го враќа сјајот на градот

05.09.2026

Групацијата 4iG и SpaceX склучија прв договор во Европа за воведување на Starlink Mobile и Sovereign Solutions

02.09.2026

Фотографии – Македонија има дата центар уште од 2023 година: Еве како изгледа

31.08.2026
Дневен хороскоп: Некого го чека љубовна магија, а друг важна деловна пресвртница – што ви носи недела 30 август?

Дневен хороскоп: Некого го чека љубовна магија, а друг важна деловна пресвртница – што ви носи недела 30 август?

30.08.2026

Нападнат полицаец во Тетово – МВР интервенирала

29.08.2026

Препорачани Вести

Дневен хороскоп: Еден знак доминира во кариерата, друг во љубовта, а два имаат 99% расположение

Дневен хороскоп: Еден знак доминира во кариерата, друг во љубовта, а два имаат 99% расположение

3 недели ago

Проданоски: Јубилејното издание на „Прочка“ во Прилеп донесе нов квалитет на карневалот

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Вработена во МВР повторно осомничена за злоупотреби со лични документи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголемиот должник во Македонија нема имот за наплата, државата не може да наплати 14,87 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови напади врз саудиската нафтена инфраструктура, загрозена клучната рута за извоз на нафта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Седуммина осомничени за фалсификување возачки дозволи во бегство, ОЈО бара притвор за тројца

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.