петок, март 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

МВР со детали за уасениот директор

by Redakcija
20.03.2026
in Црна Хроника

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра

На 20.03.2026 полициски службеници од Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал го лишија од слобода В.А.(41) од Кочани и против него до ОЈО за ГОКК е поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по чл.357 од КЗ.

В.А., во својство на службено лице, директор на Државен инспекторат за земјоделство, со цел стекнување на противправна имотна корист од сопственик на правен субјект кој се занимава со увоз, индиректно преку лице шпедитер побарал поткуп во износ од 100.000 евра, за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши. Имено, на оштетеното лице му било образложено дека за стоката која што ја увезува има забрана за влез и дека истата треба да се врати, бидејќи не е во согласност со важечките законски прописи и дека претходно од страна на Државниот инспекторат за земјоделство бил изготвен записник. Со цел увозот да се изврши непречено, на оштетеното лице му биле побарани 100.000 евра, кои требало да ги предаде во три наврати и тоа во еден наврат износ од 50.000 евра и во два наврати по 25.000 евра.

На 19.03.2026 извршено е примопредавање на предметните парични средства во износ од 50.000 евра како прва рата од побараниот поткуп, при што истите првично од оштетеното лице ги презема шпедитерот, со цел подоцна да ги предаде на В.А.. По земањето на парите од страна на В.А., преземени се оперативно тактички мерки и активности и врз основа на издадени наредби извршен е преглед на лице, превозно средство и багаж. При прегледот на патничко моторно возило, под совозачкото седиште, парите се пронајдени и одземени.

…

Related Posts

Полицијата во акција: Двајца возачи останаа без своите возила во Тетово

20.03.2026

Инцидент на „Борис Кидрич“ во Тетово – деца бркани со нож од малолетници

20.03.2026

30 дена притвор за директорот на Инспекторатот за земјоделство, осомничен за примање поткуп

20.03.2026

Кражба среде бел ден во Тетово – ограбена златара

20.03.2026

Малолетник се заканувал со пиштол – Полицијата реагирала

20.03.2026

ВИДЕО: Ауди вози по пешачка патека во паркот „Жена-Борец“

20.03.2026

Препорачани Вести

Со 4.672.878 евра ќе се реконструира прилепскиот студентски дом „Орде Чопела“

2 месеци ago

Македонската гордост на Супербоул: Мајк Врејбел со македонски корени на најголемата спортска сцена

1 месец ago

Популарни Вести

  • Полицијата во акција: Двајца возачи останаа без своите возила во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Светот на работ на енергетски колапс: Кои држави се најранливи поради војната во Иран?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Масовни апсења во Абу Даби: 109 осомничени за дезинформации за војната!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – ХАОС ВО ПЕРСИСКИОТ ЗАЛИВ: САД и маринците нападнаа ирански цели за повторно отворање на Ормускиот Теснец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ОДМОР 2026: Еве ги актуелните цени за апартмани на Јадранот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.