Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т. (40) и М.Д. (43), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.
Според информациите од МВР, на 07.02.2026 година, поранешна вработена во угостителски објект го уценувала сопственикот со закани дека доколку не ја врати на работа или не ѝ исплати 5.000 евра, ќе објави компромитирачки фотографии на социјална мрежа. Таа тврдела дека на фотографиите се прикажани наводни пропусти во ракувањето со храната во објектот, со цел да му наштети на угледот на локалот.
Во извршувањето на делото ѝ помагал второпријавениот, М.Д. (43). МВР истакнува дека против овие лица следуваат соодветни правни постапки.












