петок, јуни 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

ФОТО: Специјалците од Тигар во заседа – Падна голем плен

by Redakcija
04.04.2026
in Црна Хроника

Пресечен транспорт на дрога во близина на Градско, две лица лишени од слобода, следува кривична пријава

На 03.04.2026 од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во содејство со САЕ Тигар беше спроведена оперативно-тактичка мерка “заседа”, долж автопатот “пријателство” во близина на Градско, со цел спречување на кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога на територијата на Р.С.Македонија, при што пресечен е транспорт на наркотична дрога -марихуана и запленета е поголема количина.
Лишени од слобода се две лица и се спроведени во Полициска станица Велес.

Имено, полициските службеници при ОСОСК и САЕ Тигар на наплатна рампа Стоби, забележале сомнително движење на патничко возило “сеат алтеа” со скопски регистарски ознаки, при што возачот на даден знак да застане со цел да биде легитимиран, со голема брзина се дал во бегство во правец кон Градско. За кратко време полициските службеници го пристигнале и пристапиле кон негово легитимирање и извршиле преглед на наведеното возило.

Од извршениот преглед на патничкото возило “сеат алтеа” управувано од Ф.Н. пронајдени и одземени се четири црни торби, во кои биле сместени вкупно 65 кеси со растителна материја со вкупна тежина од 65 килограми и два телефонски апарати.

Денеска (04.04.2026), од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно Јавно Обвинителство Велес, ќе биде поднесена кривична пријава против Ф.Н.(38) од Скопје и Ј.М(55) од Кавадарци, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.

Пронајдената растителна материја врз основа на издадена Наредба на јавен обвинител од ОЈО Велес, ќе биде предадена во Одделот за Форензички испитувања при Министерството за внатрешни работи на Р.С.Македонија.

…

Related Posts

Инцидент на граничниот премин Јажинце – Полицијата интервенирала

25.06.2026

Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на булевар „Киро Глигоров“ во Скопје

25.06.2026

Пожар во Скопје: Изгореа два автомобили, оштетено и трето возило

25.06.2026

Трагедија во Хрватска: 14-годишно момче почина по пад од електричен тротинет

25.06.2026

Голема полициска акција – Уапсени 10 лица низ цела Македонија

25.06.2026

12 бугарски државјани приведени во Тетово – Полицијата со детали

25.06.2026

Препорачани Вести

Велешанец жртва на измама од лажен полициски инспектор

3 месеци ago

Силен ветер, дожд и можен град низ Македонија: Невремето продолжува и за викендот

1 месец ago

Популарни Вести

  • „Не ме спасувајте… моите ќерки затрупани ме држат за раце“ – трагична приказна која и денеска го расплакува светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Црна Гора доби најголем противпожарен авион во Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огромен успех за Лина Ѓорческа – ќе игра на Вимблдон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Зелената стратегија и подземните контејнери ќе го подобрат квалитетот на живот во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина великанот на македонската литература и енциклопедистика – Јован Павловски роден 1937 во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.