петок, август 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Објавени фотографии од претрес во позната скопска мобилара: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии (ФОТО)

by Redakcija
18.04.2026
in Црна Хроника

Скопска мобилара – увозник на мобилни уреди откако била фатена во обид за криумчарење „Ејпл“ часовници, по претходен договор и со помош на други лица ги заменила запленетите часовници со евтини копии, а оригиналите ги ставила во продажба во сопствениот салон. 

По налог на јавен обвинител извршен е претрес каде се пронајдени оригиналните часовници вредни 570 илјади денари – предмет на криумчарење. Против шест физички и две правни лица е поднесена кривична пријава за криумчарење, прикривање стока предмет на криумчарење и злоупотреба на службена положба. За случајот накратко информираше директорот на Царинска управа Бобан Николовски во гостување на МРТВ 1.

Случајот е откриен на Меѓународен Аеродром Скопје од страна на мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи, при детална контрола на пратка со „Ејпл таблети“ од Дубаи која била наменета за македонска компанија која се занимава со продажба на мобилни уреди.

При прегледот на документацијата и контрола на стоката, инспекторите при отворање на еден од пакетите со ознака „Ејпл таблети“ откриле вкупно 20 паметни часовници кои не биле опфатени со увозната царинска декларација. Часовниците се привремено одземени и оставени во безбедносен сеф се до донесување наредба од страна на јавен обвинител. Уште истиот ден, други лица кои имале пристап до сефот, сега осомничени, го отклучиле сефот и запленетите часовници ги замениле со евтини копии, а оригиналите му ги предале на увозникот.

Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги спроведе темелна истрага при што по налог на јавен обвинител е извршен претрес на мобиларата каде се најдени оригиналните часовници. Извршени се соодветни предистражни дејствија и форензика на прибавените доказни материјали, по што е поднесена кривична пријава против осум лица.

Во 2025 година од страна на Одделението за оперативни работи извршени се детални 8.177 царински прегледи при што остварени се вкупно 271 случаи на заплени.

….

Related Posts

ВИДЕО: Се судрија патничко возило и камион на патот Гостивар – Стража

07.08.2026

Скопјанец ограбен откако побарал помош за подигнување пари од банкомат

07.08.2026

Уапсен 19-годишникот кој избега по тешката сообраќајка во Ѓорче Петров

07.08.2026

Трагедија во Бутел: 21-годишен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа

07.08.2026

Инцидент на македонско-косовската граница

07.08.2026

Вооружен инцидент во Скопско – репетирал пиштол, па го нападнал со кундакот

06.08.2026

Препорачани Вести

Спој на уметноста и звукот во совршена хармонија

6 месеци ago

ВИДЕО – Голема меѓународна акција: Македонската полиција им влезе во трага на бегалци од „Беланоца“

4 недели ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО: Се судрија патничко возило и камион на патот Гостивар – Стража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Овој дополнителен бизнис може да ви донесе добра заработка од дома: Не ви треба голема почетна инвестиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Купила стара книга за само 30 денари, а дома сфатила што всушност пронашла: „Како да добив на лотарија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Луѓето почнаа да ставаат лимон покрај креветот: Тврдат дека решава еден голем проблем“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,08 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.