петок, јули 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Технологија

„Спејс екс“ со нов чекор кон Марс: „Старшип В3“ успешно лансиран, но заврши со експлозија

by Redakcija
23.05.2026
in Технологија

Компанијата „Спејс екс“ на Илон Маск го реализираше првиот тест лет на својата најнова мегаракета „Старшип В3“, која и покрај техничките проблеми и експлозивниот крај во Индискиот Океан, беше оценета како значаен напредок во амбициите за идни мисии кон Месечината и Марс.

Беспилотното летало беше лансирано од базата „Старбејс“ во Тексас, откако претходниот обид беше одложен. Ракетата успешно полета со активирани сите 33 мотори „Раптор“ и достигна суборбитална траекторија, при што распореди и 22 тест-сателити.

Сепак, мисијата не помина без проблеми. Дел од моторите не функционираа според планот, што спречи целосно контролирано враќање и повторно активирање на моторите во вселената. И покрај тоа, леталото успеа контролирано да се спушти во Индискиот Океан, каде што експлодираше како дел од планираниот крај на тестот.

Маск го оцени летот како успех и им честиташе на инженерите на „Спејс екс“, наведувајќи дека станува збор за „епско прво лансирање и слетување“ на новата верзија на „Старшип“.

Поддршка пристигна и од администраторот на НАСА, Џаред Ајзакман, кој порача дека мисијата е „чекор поблиску до Месечината и Марс“.

Ова беше 12-ти тест лет на програмата „Старшип“, а новата верзија на ракетата е висока 124 метри и претставува најголемиот и најмоќниот систем што досега го развила „Спејс екс“.

Тестирањето доаѓа во период кога компанијата се подготвува за можно историско излегување на берза, кое според светските медиуми би можело да биде најголемото во историјата на Волстрит. „Спејс екс“, покрај вселенските мисии, управува и со сателитскиот интернет-систем „Старлинк“, како и со компанијата за вештачка интелигенција „иксАИ“.

…

Related Posts

(ВИДЕО) Дали почна? Робот се побуни и одби да биде ставен под контрола!

(ВИДЕО) Дали почна? Робот се побуни и одби да биде ставен под контрола!

05.07.2026

(Видео) AI ќе избрише милиони работни места? Овие пет професии би можеле да ја преживеат револуцијата

28.06.2026

Вселенски телескоп паѓа кон Земјата, но НАСА има неверојатен план за негово спасување

21.06.2026

Експертите предупредуваат: Исклучувајте ги полначите од штекер кога не ги користите

15.06.2026

Глобален прекин на сервисите на Мета: Facebook, Instagram и Messenger недостапни за милиони корисници

12.06.2026

Од „гордост на руската индустрија“ до предмет на исмејување: Новата Волга K50 обвинета дека е копија на кинескиот Geely

07.06.2026

Препорачани Вести

Муцунски реагира – повикан бугарскиот амбасадор по употреба на термин „северномакедонски“

2 месеци ago

Инвазија на Иран Американски маринци тргнаа кон Блискиот Исток

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Науката потврдува дека современите технологии во рударството, како што би биле и во „Иловица“, се безбедни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ауди“ удри малолетник на патот Скопје–Тетово: детето пренесено во Клинички центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈАВНА РЕАКЦИЈА ОД СУНСП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – Проданоски: Од 17 до 19 јули Прилеп ќе биде центар на забавата во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински дронови ја погодија рафинеријата „Илски“: Евакуации во Таганрог, Русија се соочува со недостиг на гориво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.