петок, септември 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

БОЖИНОВСКА НА ЈУБИЛЕЈНИОТ SOUTHEAST EUROPE ENERGY FORUM: МАКЕДОНИЈА АКТИВНО ЈА ГРАДИ НОВАТА ЕНЕРГЕТСКА КАРТА НА РЕГИОНОТ

by Redakcija
04.09.2026
in Македонија

Министерката Божиновска: Регионалната поврзаност, инвестициите и трансатлантската соработка се клучни за енергетската безбедност и конкурентност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува и се обрати на 10. Southeast Europe Energy Forum – SEEF2026, кој се одржува во Солун, Грција, во организација на Американско-грчката стопанска комора и Грчката асоцијација за енергетска економија.

Јубилејното, десетто издание на Форумот се одржува во период на длабоки промени во европскиот енергетски сектор, кога енергетската безбедност, инфраструктурната поврзаност, конкурентноста на индустријата и забрзаната зелена и дигитална трансформација стануваат клучни приоритети за Европа и Југоисточна Европа.

На Форумот учествуваат високи претставници од политичкиот и бизнис сектор, енергетски компании, финансиски институции и експерти од регионот и САД, со фокус на иднината на европската енергетика, инвестициите во инфраструктура, обновливите извори, складирањето енергија, новите технологии и можностите за продлабочување на трансатлантската енергетска соработка.

Во своето обраќање, министерката Божиновска ги претстави стратешките приоритети на Македонија во услови на забрзана трансформација на европскиот енергетски систем, со посебен фокус на енергетската безбедност, диверзификацијата на снабдувањето, регионалната инфраструктурна поврзаност и создавањето конкурентен енергетски пазар.

Во фокусот ќе бидат и конкретните инфраструктурни проекти со кои Македонија се поврзува со регионалните енергетски системи, особено изградбата на гасниот интерконектор со Грција, приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор, како и развојот на интерконекторот со Србија.

Со овие проекти, Македонија гради повеќе алтернативни правци за снабдување и создава услови за поголема сигурност и флексибилност на енергетскиот систем, но и за посилна интеграција во регионалниот и европскиот енергетски пазар.

„Енергетската безбедност денес не може да се гради изолирано. Таа се гради преку поврзаност, диверзификација и партнерства. Македонија активно инвестира во инфраструктура која ќе овозможи пристап до нови извори на енергија и ќе ја поврзе земјата со клучните европски енергетски коридори.“

SEEF2026 се одржува во услови кога растечката побарувачка за електрична енергија, дигитализацијата и развојот на вештачката интелигенција создаваат нови потреби за енергетските системи.

Во тој контекст, Македонија паралелно работи на зголемување на производството од обновливи извори, модернизација и зајакнување на електроенергетската мрежа, развој на системи за складирање енергија и зголемување на прекуграничната поврзаност.

Министерката Божиновска ја нагласи потребата инвестициите во енергетската инфраструктура да бидат долгорочни, технолошки напредни и подготвени за идните потреби на економијата.

„Ни треба енергетски систем кој не само што ќе одговори на денешните потреби, туку ќе биде подготвен за растечката потрошувачка на индустријата, дигитализацијата, вештачката интелигенција и новите технологии. Затоа инвестираме во мрежи, складирање, обновливи извори и прекугранични интерконекции.“

Една од централните теми на јубилејното издание на Форумот е и зајакнувањето на енергетската соработка меѓу Југоисточна Европа и Соединетите Американски Држави.

Во изминатата деценија САД стануваат сè позначаен партнер во зајакнувањето на европската енергетска отпорност преку снабдување со ЛНГ, инвестиции во енергетска инфраструктура, технолошки партнерства и диверзификација на изворите на енергија.

Министерката Божиновска истакна дека Македонија ја препознава важноста на ваквите партнерства и е отворена за нови инвестиции и соработка со меѓународните партнери.

„Југоисточна Европа повеќе не е периферија на европската енергетска карта. Таа станува еден од клучните региони за енергетската безбедност на Европа. Македонија сака да биде дел од тој процес – како сигурен партнер, како земја отворена за инвестиции и како активен учесник во регионалната енергетска интеграција.“

Учеството на министерката Божиновска на SEEF2026 претставува можност Македонија да ги претстави своите реформски и инвестициски приоритети пред релевантни меѓународни партнери и инвеститори и дополнително да ја позиционира земјата како предвидлив, стабилен и конструктивен партнер во енергетската трансформација на Југоисточна Европа.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на изградба на сигурен, диверзифициран, конкурентен и модерен енергетски систем, интегриран во европските енергетски текови и подготвен за потребите на идната економија.

…

Related Posts

Муцунски: Стоиме со Украина – границите не можат да се менуваат со сила

04.09.2026

Бизнис Арена 2026 ги отвора вратите кон нови пазари за македонскиот бизнис

04.09.2026

И Здравје и работа: Рударството повторно паѓа – не смееме немо да гледаме како ни се гаси една од стратешките индустрии

04.09.2026

ОКТА ги пушти во употреба првите системи за батериско складирање на енергија, означувајќи нова пресвртница во својата транзиција кон одржлива енергија

04.09.2026

Хајделберг Факултет Скопје и Вработување HR Solutions со партнерство за поблиско поврзување на студентите со бизнис-секторот

04.09.2026

Николоски: Градежништвото е силен двигател на македонската економија, растот достигна 21,9%

04.09.2026

Препорачани Вести

Општина Прилеп: Ќе се спроведе втора фаза на ларвицидна дезинсекција против комарци

1 месец ago

(ВИДЕО) Вооружен напаѓач застрелан од Тајната служба на САД во Мар-А-Лаго – драматичен инцидент во близина на имотот на Трамп

6 месеци ago

Популарни Вести

  • БОЖИНОВСКА НА ЈУБИЛЕЈНИОТ SOUTHEAST EUROPE ENERGY FORUM: МАКЕДОНИЈА АКТИВНО ЈА ГРАДИ НОВАТА ЕНЕРГЕТСКА КАРТА НА РЕГИОНОТ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тројца полицајци повредени во сообраќајка на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Декласифициран документ на ЦИА од 1949 година: Ванчо Михаилов потпишувал договор со комунистичка Југославија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – Проданоски: Прилеп е лидер во примарната селекција на отпад, 49% од граѓаните селектираат во своите домови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава против две лица и фирма од Струмица за даночно затајување, лихварство и перење пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.