недела, октомври 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат – продолжуваме со уште поголема динамика

by Redakcija
06.09.2026
in Економија

5 септември 2026 година, Скопје – Растот на македонската економија од 4,3% во вториот квартал од 2026 година е еден од најдобрите квартални резултати во изминатите две и пол години, но уште поважен е континуитетот на позитивните економски движења и насоката што ја покажуваат податоците, потенцира во пост на ФБ министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска коментирајќи ги податоците на Државниот завод за статистика за раст на БДП во вториот квартал годинава. 
Министерката посочува дека економските политики и во следниот период ќе бидат насочени кон инвестиции, капитални проекти, поддршка на приватниот сектор и одговорно управување со јавните финансии.
„Од раст од 1,6% во првиот квартал од 2024 година, денес сме на 4,3%. Тоа значи дека не зборуваме за еден добар квартал, туку за континуитет, за економија која расте и постепено добива сила. Дали е ова доволно? Не е. Но, податоците покажуваат дека политиките што ги водиме и насоката што ја избравме даваат резултати и дека треба да продолжиме уште посилно и со уште поголема динамика“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Податоците за структурата на БДП покажуваат дека растот има широка основа. Бруто-инвестициите во вториот квартал се зголемени за 16,5%, извозот на стоки и услуги за 10,4%, а градежништвото бележи раст од 21,9%. Позитивни движења се регистрирани и во преработувачката индустрија, трговијата, транспортот и угостителството, а растот е поддржан и од домашната потрошувачка.

Резултатот добива дополнително значење имајќи предвид дека е остварен во услови на умерен раст на европската економија, глобални неизвесности и геополитички ризици. Растот од 4,3% е значително над просекот на Европската Унија од 1,2% и еврозоната од 1%.

„Нашата политика е јасна – повеќе инвестиции и капитални проекти, силна поддршка на приватниот сектор, подобро и попредвидливо деловно окружување и одговорно управување со јавните финансии. Ќе продолжиме да инвестираме, да ги реализираме капиталните проекти, да создаваме услови за домашни и странски инвестиции и да го поддржуваме стопанството. Ќе продолжиме со реформите што треба да ја направат македонската економија посилна, поконкурентна и поотпорна“, потенцира министерката за финансии.

Таа додава дека економските резултати не се создаваат преку ноќ и дека за повисок и одржлив раст се потребни стабилност, предвидливост, доверба и континуитет во политиките.

Целта, како што посочува министерката, е позитивните стапки на економски раст да се преточат во повеќе инвестиции, посилни компании, нови можности и повисок животен стандард за граѓаните.

„Бројките ја покажуваат насоката. Наша обврска е да продолжиме по неа“, порача Димитриеска-Кочоска

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

25.10.2026

Николоски: Македонија ќе добие сателитско мобилно поврзување преку „Старлинк“, очекувам пониски цени со третиот оператор

25.10.2026

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

24.10.2026

Македонија меѓу најевтините земји за храна во Европа: Што покажува споредбата?

24.10.2026

УЈП со предупредувања до граѓаните: Проверете ги обврските за парите примени од странство

24.10.2026

Каде се најскапи новите станови? Анализа на 71 европски градови го открива одговорот

24.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

ДРАМА НА ВОДНО: Тешко е повреден млад полицаец

6 месеци ago

Инспекторка за 250 евра ветила „чист“ записник: Уапсена вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство

4 недели ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО – ЛУКСУЗОТ И КРИМИНАЛОТ НА САМОПРОГЛАСЕНИОТ ШЕФ НА АЛБАНСКОТО ПОДЗЕМЈЕ: Погледнете го раскошот на Неџати Арабачи на неговите Instagram и TikTok профили

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 15 годишник од Боговиње заврши во болница со прострелна рана во стомакот – се испитува случајно испукување од пиштол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Волкот од Тирана“ осуден на 15 и пол години затвор: Арабачи повторно во фокусот по криминалот и видеата со луксуз и скапи автомобили

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | Од Велес околу Јадранот и назад: Коста и Баже извозеа 2.700 километри низ седум држави за 27 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | Македонски државјанин уапсен во Бугарија: Во поставата на јакната откриени 98.500 фалсификувани евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.