Цената на суровата нафта „брент“ утрово се намалила за 1,4 отсто, на 105 долари за барел, прекинувајќи ја серијата од три последователни зголемувања. Американската ВТИ се спуштила на 92 долари за барел.
Падот доаѓа додека инвеститорите го проценуваат влијанието на обновените руски испораки на дизел и ризиците од засилените геополитички тензии.
Русија на 10 октомври делумно ги укина ограничувањата за извоз на дизел по договорот со САД. Дополнителните количества би можеле да го ублажат притисокот врз глобалното снабдување со гориво.

За разлика од „брент“ и ВТИ, руската нафта „урал“, според наведените податоци, забележала раст од 2,7 отсто и достигнала 120 долари за барел.
Договорот меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин предизвика критики од американски пратеници, кои тврдат дека е спротивен на законските ограничувања за увоз на руска енергија.
Во меѓувреме, Володимир Зеленски најави продолжување на нападите врз Русија, наведувајќи дека Москва и натаму ја напаѓа украинската енергетска инфраструктура и го прекршува најавеното енергетско примирје.
Неизвесноста на пазарите ја зголемуваат и нападите на Хутите врз Саудиска Арабија. Администрацијата на Трамп се соочува со притисок да го поддржи кралството по ракетните и беспилотните напади врз аеродромот во Ријад.
…











