Connect with us

Инфо +

Поразително: Лани во земјава во сообраќајки загинале 125 лица!

Ова, велат од РСБСП, значи дека безбедноста на сообраќајот на патиштата во Македонија бележи тренд на подобрување. Според податоците на Советот, лани во земјава во сообраќајки загинале 125 лица.

-Ако се земе во предвид фактот дека во периодот од 2002 до 2020 година бројот на возила во државата се зголеми за повеќе од двојно и од 250 000 регистрирани возила, бројката на возила се зголеми на околу 550 000 регистрирани возила, а бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди во 2002 година изнесувал 176 , а во 2020 – 125 загинати лица, тогаш може да се заклучи дека безбедноста во патниот сообраќај бележи тренд на подобрување, но сепак се уште не е постигнато посакуваното ниво на безбедност на патниот сообраќај, се вели во соопштението од РСБСП.

Ако се тргне од претпоставка дека Македонија има 2.000.000 жители, велат од РСБСП, тоа значи дека во земјава лани имало 6.25 загинати лица во сообраќајни незгоди на 100.000 жители.

-Просекот на земјите членки на Европската унија е 5 загинати лица на 100.000 жители. Притоа важно е да се напомене дека, со исклучок на скандинавските земји кои имаат по 3 загинати лица на 100.000 жители, голем дел од земјите членки на унијата имаат исто или слично ниво на безбедност на сообраќајот на патиштата како Македонија, а некои дури се и понебезбедни. Ако како индикатор се земе бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди на 100.000 жители, со исклучок на Словенија, која покажува повисоко ниво на безбедност на патниот сообраќај, Македонија покажува повисоко ниво на безбедност на патниот сообраќај во однос на сите останати земји во регионот, стои во соопштението.

Статистиката со која располага РСБСП, покажува дека од загинатите 125 лица, 57 загинале во населено место и 68 надвор од населено место. Од загинатите, 20 се пешаци, 18 се мотоциклисти, 5 велосипедисти, 6 возачи на трактор, итн. Според возраста, најмногу- 41 лице, се на возраст од 41-54 години, три лица на возраст до 14 години и седум лица на возраст од 15 до 19 години…

По месеци, најмногу загинати има во август – 19 и јули – 17, а најмалку во март – пет загинати лица во сообраќајни незгоди. Недела со 28 и Сабота со 21 жртва се најнебезбедни денови, а вторник со 13 жртви е најбезбеден ден. Најкритичен во 2020 година се покажал периодот од 13.00 до 14.00 часот, период во кој загинале 12 лица лица во сообраќајни незгоди.

-Секој загубен човечки живот во сообраќајна незгода е огромна загуба за семејството и општеството, затоа РСБСП со апел до сите учесници во сообраќајот: Уживајте во убавините на животот и не дозволувајте да бидете дел од црната статистика. Вие, односно Вашиот живот, не е обична бројка. Бидете внимателни и одговорни во сообраќајот и бидете позитивен пример за сите останати учесници во сообраќајот, велат од РСБСП.

Според статистиката на СЗО годишно на светско ниво околу 1,3 милиони лица го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 50 милиони се повредени во сообраќајни незгоди.

Балкан

Атина: 38 приведени за време на годишнината од убиството на тинејџерот

Во центарот на Атина вечерва избувнаа судири меѓу демонстранти и полицијата за време на маршот по повод 17-годишнината од убиството на Александрос Григоропулос. Полицијата употреби солзавец и шок-бомби, а 38 лица беа приведени, од кои осум се уапсени.

Тензии се појавија кога дел од демонстрантите се обидоа да се упатат кон квартот Егзархија, но полицијата ги спречи. Метро станиците „Панепистимио“ и „Синтагма“ беа затворени од 17 часот по наредба на властите.

Слични протести се одржаа и во Солун, каде беа приведени десет лица. Убиството на 15-годишниот Григоропулос во 2008 година останува симбол на борбата против полициската бруталност, а годишнината и годинава беше обележана со судири и засилено полициско присуство.

Continue Reading

Балкан

Брод со мигранти се превртел кај Крит: 18 загинати, двајца преживеани

Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 загинати мигранти покрај брегот на Крит, јави грчката јавна телевизија ERT News. Двајца преживеани изјавиле дека ја изгубиле контролата над бродот за време на бура, останувајќи на отворено море без вода и храна.

Сè уште не е познато од каде потекнуваат жртвите, а форензичарите и истражителите работат на утврдување на околностите околу несреќата. Моќна бура беснее во морето околу Крит, со налети на ветер над 90 километри на час.

Според УНХЦР, криумчарски банди продолжуваат да испраќаат мигранти по опасната рута од Тобрук во Либија кон Крит, а речиси 17.000 мигранти пристигнале на островот до почетокот на декември 2025 година.

Continue Reading

Свет

260 животи загубени – Индија испраќа тим во САД да открие што се случило

Индија следната недела ќе испрати тим истражители во САД за да ги прегледаат податоците за смртоносната несреќа на авионот на компанијата „Ер Индија“ од јуни, јавува Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.

Истражителите ќе соработуваат со Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) и ќе ги анализираат податоците од црната кутија, како и информации од пилотската кабина на авионот. Целта е индиските експерти да ги споделат наодите и да помогнат во утврдувањето на причините за несреќата.

Засега нема официјална потврда за посетата на тимот од страна на САД. Во авиoнесреќата што се случи во јуни загинаа 260 лица.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг