Connect with us

Свет

Си Ѓинпинг до Трамп: Кина и САД мора да најдат начин за меѓусебно разбирање

Published

on

Кинескиот претседател Си Ѓинпинг во порака до новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп вели дека Пекинг и Вашингтон мора да најдат начин за меѓусебно разбирање, објавија утрово кинеските државни медиуми.

Свет

КУЌА ВРЕДНА 9 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОСТАНА НЕДОПРЕНА ВО ПОЖАРИТЕ: Сопственикот објасни на кој начин е изградена

Published

on

Куќа вредна 9 милиони долари остана недопрена во огромените пожари што ги зафатиле околните вили во Малибу.

Нејзиниот сопственик се зачудил кога дознал дека неговата куќа го „преживеала“ пожарот.

„На чудата им нема крај. Ова е чудо“, изјавил за “New York Post“ Дејвид Стејнер, пензиониран директор на центар за управување со отпад. 

Тие не биле во вилата во моментот на пожарот. Стејнер објасни дека неговиот имот е изграден да биде отпорен на пожари и да може да издржи земјотреси. Токму поради фактот што вилата е изградена за да биде исклучително безбедна, се верува дека го преживеала пожарот.

„Изградена е од гипс и камен со огноотпорен покрив. Темелите на зградата се наоѓаат на 15 метри под земјата за да може да ги издржи моќните бранови што удираат веднаш под неа“, открил сопственикот.Во пожарите загинаа 11 луѓе. Можно е оваа бројка да расте. 

Continue Reading

Свет

ОГНЕНО ТОРНАДО СЕ ПРИБЛИЖУВА КОН САН ФЕРНАНДО

Published

on

Огнено торнадо е снимено како се приближува кон долината Сан Фернандо во Лос Анџелес, феномен предизвикан од силните ветрови во област која веќе 4 дена е загрозена од големи пожари, објави Дејли мејл.

Феноменот е забележан во близина на градот Пацифик Палисадес, еден од најтешко погодените од катастрофалните пожари во кои според последните податоци загинаа 11 лица, додека уништени се 11.000 згради.

Иако денеска состојбата на терен е нешто подобра, уште најмалку три пожари не се ставени под контрола. Најновата снимка покажува огнено торнадо кое се формира додека пламените јазици се приближуваат до долината Сан Фернандо.

Огненото торнадо е ретка појава која се јавува кога шумски пожар, заедно со турбулентните ветрови, создава огнен вител, заедно со пепел и чад.

Continue Reading

Свет

Премиерот на Гренланд подготвен да разговара со Трамп

Published

on

Премиерот на Гренланд, Муте Боуруп Егеде, во петокот изјави дека е подготвен да разговара со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој рече дека сака контрола на арктичкиот остров, и побара да се почитуваат посакувањата за независност на таа територија.

Трамп, кој ќе биде инаугуриран за претседател на 20-ти јануари, ја опиша контролата врз полуавтономната данска територија Гренланд, за што зборуваше и во својот прв претседателски мандат од 2016 до 2020 година, како „апсолутна неопходност“ за националната безбедност на САД. Притоа, тој не ја исклучи примената на воен или економски притисок, вклучително и воведување царини за Данска.

Егеде им рече на новинарите во Копенхаген дека сè уште не контактирал со Трамп.

„Но, ние сме подготвени да разговараме. Данска и Гренланд се подготвени да го интензивираат дијалогот со САД. Ние соработувавме со САД во минатото и ќе продолжиме да соработуваме“, рече Егеде.

Данската премиерка Мете Фредериксен во четвртокот изјави дека побарала средба со Трамп, но не очекувала тоа да се случи пред инаугурацијата.

Гренланд, дом на 57.000 луѓе, беше данска колонија до 1953 година и сега е самоуправна данска територија. Во 2009 година, Гренланд го доби правото на глас за да ја обезбеди својата независност. Гренланд има право да прогласи независност од Данска од таа 2009 година, но островот кој зависи од значителни годишни трансфери од данскиот буџет, сè уште не го сторил тоа.

Премеирот Егеде истакна дека народот копнее за независност, „да биде господар во својот дом“. „Тоа треба да го почитуваат сите“, рече премиерот, додавајќи дека тоа не значи „прекин на сите врски, соработка и односи со Данска“.

Островот, чиј главен град Нуук е поблиску до Њујорк отколку до данскиот главен град Копенхаген, содржи богати наоѓалишта на минерали, нафта и гас. Сепак, тој се развива бавно, а економијата на островот зависи од риболовот и годишните субвенции од Данска.

Со оглед на воздухопловната база Питуфик, Гренланд е стратешки важен за американската војска и нејзиниот систем за рано предупредување за балистички ракети, бидејќи најкраткиот пат од Европа до Северна Америка минува низ островот.

За време на неговиот претходен мандат, Трамп изрази интерес за купување на Гренланд во 2019 година, но Данска и властите на островот брзо го отфрлија предлогот пред да се одржат официјалните разговори. Данската премиерка Мете Фредериксен и тогаш ја нарече „апсурдна“ понудата на Трамп, а тој нејзиниот однос кон таа идеја го нарече „гаден“ и ја откажа посетата на Копенхаген. Фредериксен сѐ уште е премиерка на Данска.

Трамп во август 2019 годинава ја откажа посетата на Данска и со груби зборови одговори на отфрлањето на неговата идеја САД да го купат Гренлад од страна на данската премиерка Мете Фредерискен, која ваквата замисла на оцени како апсурдна. Како што објави тогаш весникот The Washington Post, функционерите во администрација на американскиот претседател ја разгледувале можноста на данската влада да ѝ понудат 600 милиони долари годишно за предавање на Герланд во неограничена сопственост.

Притоа треба да истакне дека ова не е првиот обид во Вашингтон да ја разгледува можноста да го поседува островот. Имено, набрзо по завршувањето на Втората свеска војна тогашниот претседател Хари Труман ѝ понудил на Данска 100 милиони долари за Гренланд, но бил одбиен. Американскиот Стејт департмент, исто така, разгледувал опција да го купи Гренланд уште во 1867 година. А како што пишуваше своевремено The Wall Street Journal, американскиот сенатор републиканец Тон Котен уште летото 2018 година, му предлагал на данскиот амбасадор Ларс Херт Лозе, купување на Гренланд. Според сенаторот, данскиот дипломат „малку се изненадил“, но дијалогот „продолжил“. Котон годинава во својата изјава за весникот потенцира дека Гренланд е богат со природни ресурси и, во воено-стратешка смисла, неговото купување од страна на САД „би го заштитило островот од Русите и Кинезите“.

Упорноста на Трамп да го купи најголемиот остров на планетата кој има широка автономија во рамките на Кралството Данска, бездруго е сигнал за повторниот американски интерес за Арктикот, подрачјето богато со природни ресурси, но истовремено и дистракција во моментов од американската внатрешна политика. Понудата на Трамп да го купи Гренланд, пред пет години истовремено беше сигнал за Русија, и за другите арктички земји и за Кина, којашто според некои процени во Вашингтон има скриен интерес за Арктикот, дека САД нема да стојат настрана во борбата за контрола над овој дел од светот, каде што со топењето на мразот ќе се отворат нови поморски рути. САД веќе го зајакнаа своето присуство во регионот, отворајќи конзулат во гренландската престолнина Нук, и финансирајќи нови аеродроми, образовни и социјални програми.

Крајната цел на Вашингтон, можеби, и не е да се дојде до поседување на Гренланд, но секако дека е претензија да се поседува одредена територија на него. САД, исто така, може да се свртат кон купувањето на морнаричката база Гронендал на јужен Гренланд, од чијашто продажба Данците се откажаа во 2017 година, бидејќи тогаш единствено заинтерсирани беа Киензите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк