На 13.04.2026 година во 01:33 часот во СВР Тетово, Р.Ѓ. (42) и И.К. (30) пријавиле дека пред угостителски објект во село Сараќино, тетовско, биле физички нападнати од поголема група на лица.
Според пријавата, двајцата оштетени навеле дека во групата препознале неколку лица, меѓу кои Д.М. (28), Д.Д. (28) и А.Ѓ. (26).
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.












