вторник, април 14, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Наместо ред и мир – полицаец си договорил провизија од 700 евра

by Redakcija
14.04.2026
in Црна Хроника

Полицаец од Струмица испратен да дејствува по пријава за нарушен ред и мир, на учесниците им предложил „да посредува“ и им договорил на „странките“ колку пари напаѓачот да даде на пријавителот за да ја повлече пријавата. Станувало збор за сума од 1.000 евра, на што полицаецот за себе побарал дополнителни 200 евра. На крајот, од 1.000 евра што ги добил од напаѓачот да ги даде на пријавителот, за себе задржал 500 евра, а за себе зел „хонорар“ од 200 евра, со што добил вкупно 700 евра.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК поднел кривична пријава против „итриот“ струмички полицаец К.Ш. товарејќи го за „злоупотреба на службена должност и овластување“ по член 353 од КЗ и од страна на судија за претходна постапка му се одредени мерки на претпазливост.

К.Ш. во саботата околу 9 часот по претходно примена пријава за нарушен јавен ред и мир со физички напад решил да посредува помеѓу страните за наводно „мирно решавање“ на настанот, при што неовластено побарал исплата на пари. Учесниците во нарушувањето на јавниот ред и мир со посредство на К.Ш. договориле на оштетениот да му се исплати сума од 1.000 евра за да се откаже од пријавата, по што К.Ш. своеволно ја зголемил сумата за уште 200 евра на име наводни трошоци за постапката.

Од вкупниот износ од 1.200 евра, К.Ш. на оштетениот му исплатил само 700 евра, додека остатокот од 500 евра го задржал за себе, со што се стекнал со противправна имотна корист од 500 евра.

Внатрешна контрола против К.Ш. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

…

Related Posts

ВНИМАВАЈТЕ – на овие датуми МВР најави непрекинати акциски контроли на брзината на движење

14.04.2026

Товарно возило се запали на Плетвар – сообраќајот е отежнат кон Скопје

14.04.2026

Киднаперите завршија зад решетки – Ова се деталите

14.04.2026

Тешка сообраќајна несреќа во Бутел: Повеќе возила судрени, има повредени

14.04.2026

19-годишник од Штип осомничен за напад врз својот внук

14.04.2026

Падна уште еден полицаец – МВР ги чисти своите редови

14.04.2026

Препорачани Вести

Македонските каратисти Венцислав и Дејан Недеви ќе предводат ИТКФ семинар во Истанбул

Македонските каратисти Венцислав и Дејан Недеви ќе предводат ИТКФ семинар во Истанбул

2 месеци ago

Вештакот во „Онкологија“: Неколку пациенти добиле терапија спротивно на препораките

4 недели ago

Популарни Вести

  • Дали се подготвува нов воен конфликт? Ердоган испрати остра порака кон Израел!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина му се закани на САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВНИМАВАЈТЕ – на овие датуми МВР најави непрекинати акциски контроли на брзината на движење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Товарно возило се запали на Плетвар – сообраќајот е отежнат кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре повеќе тетовски села ќе бидат без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.