среда, јуни 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Трагедија во Турција: Ученик отвори оган во училиште, 9 загинати и 13 повредени

by Redakcija
15.04.2026
in Црна Хроника

Тешка трагедија го потресе турскиот град Кахраманмараш, откако вооружен напаѓач отвори оган во училиште, при што животот го загубија 9 лица, а 13 се повредени.

Инцидентот се случил во училиштето „Ајсер Чалик“ во општината Оникишубат, каде околу пладне одекнале истрели. На местото веднаш пристигнале бројни полициски и медицински екипи.

Гувернерот Мукерем Унлуер информира дека меѓу загинатите има еден наставник и осум ученици, додека дел од повредените се во критична состојба. Според првичните информации, напаѓачот користел повеќе парчиња оружје и пукал во две училници.

Подоцна било утврдено дека напаѓачот е ученик во осмо одделение. По нападот, тој починал на местото на настанот, а властите утврдуваат како точно дошло до тоа.

Истрагата покажала дека оружјето било во сопственост на неговиот татко, кој е приведен, додека надлежните органи работат на целосно расчистување на случајот.

Министерот за правда Акин Гурлек соопшти дека е отворена обемна истрага во која се вклучени повеќе обвинители, а донесена е и мерка за ограничување на објавување информации со цел да се заштити постапката.

Настанот предизвика паника меѓу родителите и јавноста, по што беше воспоставен безбедносен кордон околу училиштето, а наставата во градот е привремено прекината. Властите апелираат на воздржаност и одговорно известување додека трае истрагата.

…

Related Posts

Автобус излета од пат и падна во канал кај Појате: Патниците без сериозни повреди

Убиство со секира во Белград, убиецот не се обидел да побегне

03.06.2026

Поднесена кривична пријава против жена за напад врз 10-годишно дете

03.06.2026

Кривична пријава против поранешен градоначалник

03.06.2026

Тетовец пронајден починат во хотел во Скопје, наредена обдукција

02.06.2026

Финансиска полиција приведе четири лица во истрага за тендер во Царина, меѓу нив и Стефан Богоев

02.06.2026

Кривични за инвеститор и инспекторка – Полицијата со детали

02.06.2026

Препорачани Вести

Меџити: ВЛЕН станува една политичка сила – почнува нова ера за Албанците

4 недели ago

СНЕГ И МРАЗ НА ЌАФАСАН: ЗАДОЛЖИТЕЛНИ СИНЏИРИ, СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА ЗАБАВЕНО

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Бојкоски: Граѓаните директно учествуваат во уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Поплави во Благоевград по силното невреме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 5 инспиративни идеи за роденденски подароци кои оставаат впечаток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Словенија не дозволи слетување на израелски авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска: Водиме одговорна фискална политика, да ги исполниме сите обврски кон доверителите и да обезбедуваме услови за економски раст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.