Во текот на ноќта меѓу 29 и 30 април 2026 година, полициски службеници од СВР Скопје спроведоа акции на повеќе локации во Скопје, при што лишени од слобода се четири лица.
Како што информира полицијата, приведени се З.Н.(37), Г.Ј.(52) и Д.М.(30), сите од Скопје, како и З.Т.(42) од село Волково. При извршените контроли, кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана.
По целосно расчистување и документирање на случаите, против приведените ќе бидат поднесени соодветни пријави.
…












