петок, октомври 30, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Технологија

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

by Redakcija
30.10.2026
in Технологија

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка во рамките на развојот на новата телекомуникациска инфраструктура за третиот мобилен оператор во земјата. Партнерството претставува значаен чекор напред, во реализацијата на проектот и ја потврдува посветеноста на компанијата кон користење на капацитетите и експертизата на домашниот телекомуникациски сектор.

Соработката опфаќа услуги за сместување на серверска и телекомуникациска опрема во дата-центар (колокација), поврзување со транспортната мрежа (backhaul) и други инфраструктурни решенија неопходни за развојот на новата мрежа. Првата серверска опрема на Оне Македонија веќе пристигна во дата-центарот на Неотел АД, што претставува конкретен напредок во воспоставувањето на технолошките капацитети на компанијата.

Користењето на постојната телекомуникациска инфраструктура создава услови за ефикасна реализација на проектот и понатамошен развој на ИКТ-секторот. Истовремено, технолошките ресурси лоцирани во Северна Македонија имаат важна улога во безбедноста, управувањето и заштитата на корисничките податоци и податоците за телекомуникацискиот сообраќај, во согласност со важечките регулаторни барања.

„Нашата стратегија беше јасна уште од самиот почеток: модерна телекомуникациска мрежа подготвена за иднината, а истовремено и силни партнерства со локалните компании. Неотел има важна улога во оваа визија. Пристигнувањето на првите сервери е доказ дека веќе ги поставуваме темелите на нашиот технолошки развој“, изјави Брано Ѓуровиќ, главен извршен директор на Оне Македонија по потпишувањето на договорот.

Покрај техничките аспекти, овој проект има и пошироко значење за телекомуникацискиот пазар во Северна Македонија. Вклучувањето на локалните компании и користењето на нивната експертиза создаваат дополнителни можности за размена на знаења, зајакнување на домашните капацитети и долгорочен развој на дигиталниот сектор во Северна Македонија.

„Горди сме што Оне Македонија го избра Неотел АД за свој стратешки инфраструктурен партнер во еден од најзначајните телекомуникациски проекти во земјата. Довербата што ни е укажана да обезбедиме мрежно поврзување, услуги на дата-центар и техничка поддршка претставува признание за знаењето и инвестициите што ги развивавме низ годините. Преку ова партнерство, на новиот мобилен оператор ќе му ја обезбедиме висококвалитетната критична инфраструктура неопходна за функционирање на безбедна, напредна и високо достапна 5G-мрежа, придонесувајќи кон понатамошниот развој на телекомуникациите и дигиталната трансформација на Македонија“, изјави Даме Цветковски, генерален директор на Неотел АД.

Оне Македонија, дел од унгарската Групација 4iG, како трет мобилен оператор во земјата, ќе внесе нова динамика во телекомуникацискиот сектор, додека партнерствата со локалните инфраструктурни компании имаат важна улога во создавањето на техничките и оперативните предуслови за идните активности на операторот.

Со пристигнувањето на првата серверска опрема и воспоставувањето на стратешката соработка со Неотел АД, Оне Македонија продолжува да остварува конкретен напредок во реализацијата на своите инвестициски планови. Неотел АД е етаблиран телекомуникациски оператор и давател на инфраструктурни услуги во Македонија, кој нуди напредни решенија за податочно поврзување, услуги на дата-центар и ИКТ-решенија за деловни корисници, јавни институции и домаќинства.

Паралелно со развојот на новата 5G-мрежа, Оне Македонија ја гради инфраструктурната и партнерската основа за долгорочно присуство на македонскиот пазар, со цел да придонесе кон поголема конкуренција, современи телекомуникациски услуги и забрзан дигитален развој на Северна Македонија.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА ПРОТИВ РАКОТ: Нова вакцина го намалува ризикот од враќање на болеста за 42 %

НОВА НАДЕЖ ВО БОРБАТА ПРОТИВ РАКОТ: Нова вакцина го намалува ризикот од враќање на болеста за 42 %

29.10.2026

60.000 вработени пред одлука: „Мајкрософт“ понуди пакети за напуштање на компанијата

27.10.2026

Купувате половен автомобил? Една проверка на моторот не треба да ја прескокнете

26.10.2026

Хуанг со порака до Германија: Премногу размислувате, искористете го талентот што го имате

20.10.2026

Маск: Следната година ќе подарам по една акција од „СпејсЕкс“ на секое дете во Америка

19.10.2026

Не мора да го изберете најскапиот модел за да добиете долготрајна батерија и AMOLED екран: Што нуди REDMI Note 17 Pro 5G?

19.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Претрес во гостиварско: Пронајдени дрога и муниција, уапсен 58-годишник

3 месеци ago

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕСЕЧЕ: Еве до кога ќе ги поместуваме стрелките на часовникот – ќе се укинат летното и зимското сметање на времето!

2 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО – Проданоски: Нови улици, водоводи и спортска сала – инвестираме во развојот на Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: 180 проекти ја одбележаа првата година од мандатот, инвестираме во инфраструктура, училишта и градинки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Нова авиолинија Скопје – Тиват, од мај директно од Скопје до црногорското приморје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп бараше да запрат нападите, но нов пожар ја погоди руската нафтена индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.