среда, март 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Грција става крај на евтините сместувања во апартмани – Летувањето станува луксуз за богати по драстичното зголемување на даноците

by Уредник
08.02.2026
in Магазин

Од октомври 2025 година, во Грција стапија на сила нови строги правила и даночни мерки кои значително го поскапуваат изнајмувањето на апартмани и други сместувачки капацитети. Овие промени, кои веќе се чувствуваат во 2026-та, го менуваат туристичкиот пејзаж и го прават летувањето за многумина поскапо од порано.


Грчките власти воведоа ригорозна регулатива за сите што нудат сместување – од приватни сопственици до туристички домаќини. Според новите правила:
Секој објект што се издава мора да помине стручна сертификација – која чини околу 600 евра.


На сите приходи од изнајмување сега се пресметува фиксна даночна стапка од 15%, а на тоа се додаваат и туристички такси кои варираат според локацијата.


Овие трошоци доведоа до тоа што некои сопственици веќе најавуваат дека нема да може да издаваат по пониски цени, па гости­те ќе плаќаат значително повеќе за сместување отколку порано.


Дополнителни ограничувања според новиот закон:
Едно лице може да издава најмногу два објекти како физичко лице. Ако има повеќе, се третира како бизнис со повисоки даноци и обврски.


Надоместоците и административните трошоци за странски сопственици може да достигнат стотици евра годишно, бидејќи мора да ангажираат овластени сметководители и правни застапници за да ги исполнат новите барања.


Платформи како Booking и Airbnb се задолжени да ги поврзат податоците со грчката даночна управа – а неисполнување на обврските може да доведе до глоба од 5.000 евра или забрана за издавање.

Поскапување на туристички услуги


Иако новата регулатива е дел од обидите да се спречи нелегалното издавање и да се заштити локалниот пазар, реалната последица е високо поскапување на одморите во Грција. Се забележува:
Зголемување на цените на пакетите за летување за околу 10–12%, а според проценките на експертите, до почетокот на сезоната можеби ќе следи вистински „ценовен шок“.


Ова особено ги засега туристите кои планираат да изнајмат апартмани, вилите или станбени единици преку онлајн платформи.


Според грчките медиуми и сопствениците на сместувачки капацитети, целта на државата е да го регулира пазарот и да ја намали доминацијата на нелегални или несертифицирани објекти. Но, за туристите тоа значи дека евтиниот одмор во Грција станува сè потешко остварлив, а земјата постепено се трансформира во дестинација каде што летувањето е „за богаташи“.

Related Posts

Остров на милијардерите: Зад високите ѕидови на луксузот

Остров на милијардерите: Зад високите ѕидови на луксузот

11.03.2026

Лоша вест за Македонците во Америка, Австралија, Канада… доаѓа ценовен шок за цела македонска дијаспора!

11.03.2026

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 11 МАРТ: Сите хороскопски знаци денес ја гледаат пошироката слика

11.03.2026
Пешачење по 40: Лесен пат кон губење килограми и подобро здравје

Пешачење по 40: Лесен пат кон губење килограми и подобро здравје

10.03.2026
Дебелината во Македонија: 65% од граѓаните со висок индекс на телесната маса

Дебелината во Македонија: 65% од граѓаните со висок индекс на телесната маса

09.03.2026
Летното сметање започнува: Ефектите на сезонското поместување на часовникот

Летното сметање започнува: Ефектите на сезонското поместување на часовникот

09.03.2026

Препорачани Вести

Ски Центар Попова Шапка ја отвора зимската сезона 2026

2 месеци ago

Битола станува центар на македонската атлетика – АК Олимп потпиша со 15 репрезентативци!

1 месец ago

Популарни Вести

  • Лажни пораки за сообраќајни прекршоци – полицијата алармира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради една грешка, илјадници возачи свртеа од автопатот во Германија, што предизвика сообраќаен хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 492 инспекциски контроли во Македонија: 89 прекршочни налози издадени за една недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тоневски: Ја обновуваме соработката со месните заедници и граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров на милијардерите: Зад високите ѕидови на луксузот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.